Звучи неверојатно: Киву е прв странец по Мурињо кој ја освоил Серија А!

by riste
1 минути читање

Интер синоќа го завери Скудетото, а со тоа се појави и една интересна статистика поврзана со тренерите кои во последните години стануваа шампиони во Италија.

Кристијан Киву е првиот странски тренер кој ја освоил Серија А по 2010 година кога тоа го направи Жозе Мурињо.

Во меѓувреме, цели 15 години, клубовите кои го освојуваа Скудетото беа водени од италијански тренери.

Од 2010 до оваа сезона, Алегри ја освои шестпати Серија А, Антонио Конте петпати и по еднаш Маурицио Сари, Стефано Пиоли, Лучано Спалети и Симоне Инзаги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×