Мајкл Карик го препороди Манчестер Јунајтед, сега Цвените ѓаволи играат одлично, а по вчерашната победа над Ливерпул пак се постави прашањето дали тој ќе остане тренер.
Карик има договор со Јунајтед до крајот на сезоната. Тој беше запрашан за неговата иднина.
„Не се работи за тоа дал јас сакам или не, тоа не е во моја контрола. Засега се оди толку добро, среќен сум каде што сме, а сакаме и подобро Ајде да видиме што ќе се случи следно. Не размислувам за тоа“, рече Карик.
И фудбалерите го сакаат, тој имаше големи пофалби од Куња.
„Кога дојде Крик, донесе магија! Чувство на Алекс Фергусон. Тој зборува толку многу за неговиот тим, тимот кој освојуваше. Тоа чувство доаѓа до нас, се чувствуваме среќни со информациите, фокусирани сме максимално за да ја оствариме целта“, вели Куња.