Соиграч на Елмас предизвика драма во Наполи – избришал се и исчезнал!

by Стефан
1 минути читање

Вистинска драма се одвивала во редовите на Наполи во четвртокот, откако бразилскиот дефанзивец Хуан Жесус не се појавил на утринскиот тренинг.

Во клубот настанала паника бидејќи никој немал информација каде се наоѓа 34-годишниот стопер, кој воедно не одговарал ниту на телефонските повици, а ситуацијата дополнително ја влошил со тоа што го деактивирал својот профил на Инстаграм.

Сепак, неизвесноста не траела долго, бидејќи од клубот успеале да стапат во контакт со фудбалерот неколку часа подоцна. Според „Газета дело Спорт“, Жесус своето исчезнување го оправдал со лични проблеми. Иако ситуацијата е надмината, од Наполи ќе побараат детално објаснување од него.

Жесус важи за еден од лидерите во соблекувалната и човек од доверба на тренерот Антонио Конте. Тој е дел од Наполи од 2021 година и има одиграно 129 натпревари, а претходно настапуваше за Интер и Рома, каде исто така забележа над 100 настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×