Нов атрактивен гол на Митровски, стрела втор натпревар во низа (ВИДЕО)

by Стефан
0 минути читање

Македонскиот напаѓач Димитар Митровски во финишот од сезоната влегува во голгетерска форма и по ефектниот погодок од слободен удар минатиот викенд, сега повторно се запиша меѓу стрелците, овојпат во убедливата победа на Олимпија Љубљана од 3-0 против Приморје.

Митровски погоди во 62. минута со прецизен удар од работ на шеснаесетникот, оставајќи го противничкиот голман без никаква шанса за реакција. До крајот на натпреварот, домашниот тим постигна уште еден гол за конечни 3-0.

Ова беше четврти погодок за Митровски во словенечкиот шампионат, додека Олимпија во моментов се наоѓа на петтата позиција на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×