Барселона си заврши работа и е на чекор до титула! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона продолжува сигурно кон титулата во Ла Лига откако со 1-2 славеше на гости кај Осасуна.

По мирно прво полувреме, натпреварот беше решен во самиот финиш. Роберт Левандовски во 81. минута донесе водство, а Фермин Лопез пет минути подоцна зголеми на 0-2.

Неизвесноста ја врати Раул Гарсија кој само намали за конечни 1-2. Сепак, Осасуна немаше шанса да се врати до егал.

Барселона има 88 бода и е на чекор до титулата, бидејќи Реал Мадрид заостанува 14 бода и мора да победи во следниот натпревар за да ја одложи прославата. Ако Реал ја оправда фаворитската улога, Барса ќе може да слави титула во Ел Класико следниот викенд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×