Навивач на Башкими падна од трибина на мечот со Вардар, клубот ја откри неговата состојба (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Вардар славеше со 0-2 на гости кај Башкими во натпревар кој беше прекинат поради инцидент на трибините.

Навивач на домашниот тим паднал од трибина, веднаш му била укажана помош и бил пренесен во болница. Од Башкими информираа дека неговата состојба е стабилна.

Се случи неочекуван инцидент за време на натпреварот со Вардар, откако еден наш навивач падна од трибината. Му благодариме на Бог, неговата состојба е добра и стабилна. „Зелено-црното“ семејство му посакува брзо заздравување и брзо враќање на трибините да го поддржува клубот. Ќе бидеме со него“, соопштија од Башкими.

Сличен инцидент имаше и на претходниот меѓусебен натпревар во Куманово, но и тогаш без потешки последици.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×