Вардар го доби Башкими и чекори кон титула, Пелистер освои голем бод во Скопје

by 24 фудбал
1 минути читање

Вардар направи голем чекор кон шампионската титула откако со 0-2 го совлада Башкими и го искористи киксот на Шкендија во Кратово.

Прашањето за победникот беше решено уште во првото полувреме. Горан Закариќ со удар со глава донесе водство, а набрзо Бобан Николов ја потврди победата со втор гол.

Вардар сега има 74 бода, шест повеќе од Шкендија на три кола до крајот и е на чекор до титулата.

Исклучително ефикасно беше во Скопје во дуелот на Работнички и Пелистер (3-3). Скопјани имаат за што да жалат бидејќи имаа предност од два гола и примија израмнувачки во 92. минута. Резултатот го отвори Сухељ Мухарем по четири минути, а израмнување бргу донесе Лука Булатовиќ. Работнички потоа даде два гола преку Бесир Демири од пенал и Дитмир Хоџа.

Сепак, пелистерци не се откажаа и со погодоците на Петар Петковски и Мирко Ивановски стигнаа до голем бод.

Сега Пелистер со 33 бода е осмопласиран, додека Работнички испушти шанса да ѝ се приближи на Брера, па е пред релегација бидејќи има 29 бода на три кола пред крајот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×