Вардар гостува кај Башкими, мора да го искористи киксот на Шкендија

by 24 фудбал
1 минути читање

Денешната програма во Првата македонска фудбалска лига носи два исклучително важни натпревари од 30. коло, кои директно ќе влијаат на расплетот и на врвот и во битката за опстанок.

Многу важен натпревар се игра за врвот во ПМФЛ. Башкими ќе го пречека лидерот Вардар.

За „црвено-црните“ ова е идеална можност да ја зголемат предноста на врвот по киксот на Шкендија и да направат голем чекор кон титулата. Башкими, пак, е резултатски мирен на средината од табелата, но клубот се соочува со проблеми надвор од теренот кои можат да имаат влијание врз неговата иднина.

Во вториот натпревар, на „Градски“, Работнички ќе го пречека Пелистер во дуел кој има огромно значење за избегнување на испаѓање. Битолскиот тим под водство на Марјан Секуловски успеа да се консолидира и да се оддалечи од најопасната зона, додека Работнички влезе во резултатска криза и се најде во незавидна позиција. Сепак, тимот од Дебар Маало има позитивно сеќавање од првиот меѓусебен меч оваа сезона кога славеше со 3-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×