Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, лично стапил во контакт со Бернардо Силва и го повикал да се пресели во Торино, пренесува Gazzetta dello Sport. Португалецот на крајот од актуелната сезона ќе го напушти Манчестер Сити како слободен играч, бидејќи договорот нема да му биде продолжен, па веќе е во потрага по нов клуб.
Спалети со директен повик се обидел да ги зголеми шансите за негов ангажман, а ова не е прв контакт меѓу „старата дама“ и искусниот плејмејкер.
Раководството на клубот од Торино веќе разговарало со менаџерскиот тим на Силва и наводно му е понуден тригодишен договор.
Бернардо Силва кариерата ја започна во Бенфика, потоа преку Монако стигна до Манчестер Сити во 2017 година.
Во дресот на англискиот шампион беше еден од клучните фудбалери во најголемите успеси на клубот, а во Премиер лига одигра 299 натпревари и постигна 45 голови.