22
Лидс со 3-1 го победи Барнли и освои три големи бода во борбата за останување во Премиер лигата.
Теоретски Лидс уште не е опстанат во лигата, но шансите се ептен мали за такво нешто да се случи. По оваа победа веќе може да се сметаат за безбедни и покрај тоа што теоретски не се.
Денешниот меч беше отворен уште во осмата минута кога Штак постигна гол за водство на Лидс од 1-0.
Вториот гол на мечот беше постигнат по седум минути игра во второто полувреме кога Окафор погоди за 2-0.
Четири минути подоцна Калвер-Луин зголеми на 3-0. Веќе беше јасно кој е победник на овој натпревар.
Почесен гол за Барнли постигна Чауна во 71. минута.