Ендрик „удри“ по фудбалот: Не е лесно, се надевам мојот син ќе биде доктор или адвокат!

by 24 фудбал
1 минути читање

Младиот талент на Реал Мадрид, Ендрик кој настапува на позајмица во Лион, даде интересна изјава за својата иднина надвор од терените.

Според него, фудбалот не е убаво „поле“ за развој на младите. Бразилецот посочи дека не би сакал неговиот син да стане фудбалер, туку да избере поинаков животен пат.

Фудбалот не е убаво место. Се надевам дека мојот син ќе стане доктор, адвокат или нешто друго. Се надевам дека тој ќе стане прекрасна личност, исклучителен човек. И сакам да ме гледа како нормална личност, не како Ендрик фудбалерот. Фудбалот не е лесен свет, тоа е многу тешко опкружување“, изјави Ендрик.

Моментално младиот Бразилец со успех настапува во Франција и продолжи да се развива, откако беше јасно дека нема да има доволно простор во Реал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×