Реакцијата на Чоло Симеоне додека се гледаше дали има втор пенал за Арсенал стана хит (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се најде во центарот на вниманието по ремито 1-1 против Арсенал во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите во Мадрид. Двата гола паднаа од пенал, откако за Арсенал прецизен беше Виктор Ѓокереш, а за Атлетико израмни Хулијан Алварез.

Сепак, најмногу реакции предизвика ситуацијата со уште еден досуден, па поништен пенал за гостите. Судиската одлука првично беше во корист на Арсенал, но по ВАР-интервенција и детална проверка, Дани Макели ја смени одлуката.

Додека траеше проверката, Симеоне бурно реагираше покрај аут-линијата, со гестикулации и притисок кон судијата, што дополнително ја вжешти атмосферата на стадионот. Неговото однесување стана хит на социјалните мрежи и предизвика поделени реакции во јавноста.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×