Шкендија го среди и Работнички

by
1 минути читање

Шкендија немаше проблеми во дуелот против Работнички на арената „Филип Втори“, славеше лесна победа со 2-0 и направи уште еден чекор поблиску кон титулата.

Резултатот беше отворен пред самиот крај на првото полувреме кога Емини погоди за водство на Шкендија од 1-0.

По шест минути игра во вториот дел Душко Трајчевски направи прекршок за пенал, доби црвен картон. Сигурен од белата точка беше Бесарт Ибраими за триумф од 2-0.

Во вториот денешен натпревар Ренова со голот на Нафиу во второто полувреме го победи Пелистер со 1-0.

Утре се играат преостанатите три меча, Скопје – Вардар, Победа – Академија Пандев и Силекс – Шкупи.

Фото: ФК Шкендија

Можно е и ова да ти се допаѓа

×