Елитен судија кој требаше да суди на СП уапсен поради сексуален напад врз малолетник!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот свет е потресен по информациите дека судија со значка на УЕФА и ФИФА е уапсен во Велика Британија под сомнение за сериозен инцидент со малолетник.

Според британските медиуми, случајот се случил во хотел каде престојувала судиската делегација пред европски натпревар. Станува збор за судија во триесеттите години кој наводно имал непримерен контакт со тинејџер и се обидел да го намами во својата соба, по што случајот бил пријавен во полиција. Тој бил приведен веднаш по враќањето во хотелот.

Судијата во моментов е на слобода со кауција, но истрагата е во тек и можно е да следуваат дополнителни правни чекори. Во меѓувреме, ФИФА потврди дека нема да биде земен предвид за идни натпреварувања, додека УЕФА го суспендираше од сите европски мечеви до понатамошно известување. Полицијата во Лондон работи на случајот, кој се третира со највисок степен на сериозност, а идентитетот на судијата засега не е објавен.

Интересно е дека се работи за судија кој требало да патува на Светското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×