Барса нема 30 милиони евра за да откупи еден од најдобрите играчи?

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона е на чекор до нова титула откако славеше со 2-0 на гостувањето кај Хетафе и на пет кола до крајот има убедлива предност пред Реал Мадрид.

Еден од хероите беше Маркус Рашфорд, кој го постави конечниот резултат со соло-акција и ја потврди одличната сезона. Англичанецот, кој пристигна на позајмица од Манчестер Јунајтед, повторно ја пронајде формата и брзо се вклопи во системот на Ханси Флик.

И покрај добрите партии, неговата иднина на „Камп Ноу“ не е сигурна. Барселона има опција да го откупи за 30 милиони евра, но финансиските проблеми на клубот ја прават таа одлука сложена, особено со оглед на варијациите во формата и неодамнешната повреда.

Во наредниот период, Флик заедно со спортскиот директор Деко ќе ја креираат стратегијата за следната сезона, а одлуката околу Рашфорд се очекува наскоро. Иако неговата желба е да остане, конечниот исход ќе зависи од буџетот и плановите на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×