Близок човек на Трамп: „Шансите Италија да игра на СП се повеќе од 50%“

by 24 фудбал
1 минути читање

Паоло Замполи, специјален соработник на Доналд Трамп за глобални партнерства, предизвика реакции со изјавата дека Италија има реални шанси да се најде на Светското првенство иако не се квалификуваше.

Италијанците испаднаа во баражот од Босна и Херцеговина, додека Иран обезбеди пласман како победник во својата група. Сепак, поради актуелната ситуација на Блискиот Исток, се отвора можност Иран да биде дисквалификуван, што би оставило простор за дополнителна покана.

Замполи најави средба со Џани Инфантино на трката во Формула 1 Голема награда на Мајами, каде ќе се разговара за ова сценарио.

Колкав е процентот Италија да игра на Светското првенство? Мислам дека е повеќе од 50 проценти. Не треба да има Мундијал без Италија, а одлуката ќе биде на Инфантино и Трамп“, изјави Замполи.

Тој додаде дека иранските фудбалери се добредојдени, но посочи дека постојат строги правила за влез во САД.

Иранските фудбалери се многу добредојдени, но не можат да доведат луѓе кои не се прифатливи за САД“, истакна Замполи, оставајќи отворена можност за неочекуван развој околу учесниците на Мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×