186
Проблемите во Реал Мадрид не стивнуваат, а по ремито 1-1 против Бетис се појави нова ситуација која дополнително ја разбранува јавноста и отвори дилеми за атмосферата во соблекувалната.
На социјалните мрежи се прошири видео од клупата на кое се гледа како Дани Карвахал се потсмева со Трент Александер-Арнолд поради бавно враќање во одбрана. Снимката предизвика бројни реакции и повторно ги актуелизираше приказните за нарушени односи во тимот.
Англискиот бек никогаш не бил познат по дефанзивата, за разлика од Карвахал кој важи за еден од симболите на Реал. Токму поради тоа искусниот Шпанец, низ шега, му забележал на помладиот колега за ангажманот во одбраната.