ФИФА прави голема промена за Мундијалот!

by 24 фудбал
1 минути читање

ФИФА е пред усвојување на ново правило кое ќе донесе голема промена на Светските првенства. Станува збор за предлог според кој жолтите картони од групната фаза ќе се бришат пред почетокот на нокаут рундата, што значи дека фудбалерите нема да го пренесуваат ризикот од суспензија во елиминацискиот дел.

Ова ќе биде значително олеснување за селекторите и играчите, бидејќи ќе се намали опасноста некој важен фудбалер да го пропушти клучниот натпревар поради два жолти картони. Практично, најдобрите ќе бидат достапни кога е најпотребно.

Досегашното правило предвидуваше бришење на картоните дури по четвртфиналето, па секој играч со две јавни опомени во првите пет натпревари мораше да паузира.

Причината за промената е и новиот формат со 48 репрезентации, со што се зголемува бројот на натпревари и ризикот од суспензии, па ФИФА сака да избегне вакви ситуации во најважната фаза од турнирот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×