Реал Мадрид објави детали за повредата на Мбапе

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид објави медицински извештај за францускиот напаѓач Килијан Мбапе, кој мораше да го напушти теренот во самата завршница од натпреварот против Бетис во петокот.

Во објавата „кралевите“ потврдија дека Мбапе во дуелот кој заврши без победник 1-1 заработил повреда, меѓутоа не откри колку точно ќе паузира.

„По направените прегледи врз Мбапе од страна на медицинскиот тим му е дијагностицирана повреда на полутетивниот мускул (семитендиносус) на левата нога. Времето на опоравување ќе зависи од понатамошниот развој на состојбата“, се наведува во медицинскиот извештај.

Мбапе сигурно ќе го пропушти натпреварот против Еспањол во наредното коло, а „Марка“ пишува дека ќе направи сè што е во негова моќ да се опорави до 10 мај, кога на „Камп Ноу“ се игра големото дерби против Барселона.

Инаку, Барселона е лидер во Ла Лига со 85 бодови, односно 11 повеќе од второпласираниот Реал.

Тимот на Ханси Флик би можел да стане нов/стар шампион веќе во следното коло доколку ја победи Осасуна на гостински терен, а Реал не оствари победа против Еспањол.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×