Ќе биде лудо: Барселона може да слави титула во „Ел Класико“

by 24 фудбал
1 минути читање

На пет кола до крајот во Ла Лига, шампионската трка практично е решена. Барселона има убедлива предност од 11 бода пред Реал Мадрид и е на чекор до нова титула.

Каталонците веќе следното коло можат математички да ја обезбедат титулата, но за тоа ќе им треба победа над Осасуна и кикс на Реал против Еспањол.

Во спротивно, одлуката ќе падне во Ел Класико на 10 мај, каде што на Барселона ќе ѝ биде доволен и бод за да го потврди трофејот.

Единствената теоретска шанса за Реал е да победи на следните два меча, а Барселона да направи два кикса, сценарио кое изгледа малку веројатно со оглед на формата на двата тима.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×