Баерн има шеесет и пет милиони причини да не го откупи Николас Џексон

by 24 фудбал
1 минути читање

Германскиот гигант Баерн Минхен нема намера да го откупи договорот на Николас Џексон, кој настапува како позајмен од Челзи.

Иако напаѓачот постигна 10 погодоци, во Минхен не се убедени дека вреди да се инвестира голема сума за негов траен трансфер. Главна причина е високата цена, но и фактот што Џексон не е стандарден прв избор во нападот.

Тоа значи дека сенегалскиот репрезентативец по крајот на сезоната ќе се врати во Челзи и ќе мора да бара нова средина, додека Баерн ќе се насочи кон други офанзивни решенија во летниот преоден рок.

Во договорот за позајмица на Џексон стои откупна клаузула од 65 милиони евра, па тоа е причина повеќе баварците да не го откупат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×