Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш откри дека минатото лето бил блиску до заминување од Манчестер Јунајтед, но на крајот решил да остане на „Олд Трафорд“.
Иако добил богата понуда од Саудиска Арабија, искусниот играч за врска донел одлука да не замине и да продолжи да му помага на тимот.
„Останав затоа што сметав дека сè уште имам што да му дадам на овој тим. Понудата од Саудиска Арабија беше огромна, ми понудија многу пари. Сепак, јас и мојата сопруга бевме цврсти во одлуката да останеме. Не сакаме да бидеме најбогатите луѓе во светот. Таа ме праша дали сум си ги остварил соништата, а токму тоа ме натера да сфатам дека не сакам да го напуштам Јунајтед кога беше во проблеми“, изјави Фернандеш.
Оваа сезона Бруно игра во врвна форма и го води Јунајтед кон враќање во Лигата на шампионите.