Реал Мадрид одигра само 1-1 на гостувањето кај Бетис во 32. коло од Ла Лига и испушти важни бодови во трката за титулата.
„Кралевите“ имаа контрола врз натпреварот и поведоа во 17. минута преку Винисиус Жуниор, кој реагираше најдобро по одбиена топка. Килиан Мбапе постигна погодок во второто полувреме, но истиот беше поништен поради офсајд.
Домашниот тим заигра поофанзивно во продолжението и успеа да стигне до израмнување во самиот финиш, кога Хектор Бељерин ја искористи мешаницата пред голот за 1-1.
Со ова реми, Реал има 72 бода и заостанува осум зад Барселона која има 80 и натпревар помалку.