Поразителен податок: Милан не дал гол против Јувентус речиси три години!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Милан и Јувентус в недела ќе го одиграат големото дерби на „Сан Сиро“, натпревар кој може да има сериозно влијание во битката за пласман во топ четири во Серија А.

Иако на хартија се очекува спектакл, реалноста е дека овој дуел нема толкава тежина каква што можеше да има. Тимот предводен од Масимилијано Алегри во минатото коло доби речиси идеален расплет на резултати, со што создаде предност од осум бода во однос на петтото место, на само пет кола до крајот.

Сепак, во пресрет на дербито се појави податок кој звучи неверојатно и речиси нереално. Поминале речиси три години од последниот гол на Милан против Јувентус во Серија А. Поточно, до неделниот натпревар ќе поминат точно 1.064 дена.

Последниот погодок на „росонерите“ против „старата дама“ датира од 28 мај 2023 година, во претпоследното коло од сезоната, кога Милан славеше со 0-1 на гостувањето во Торино. Стрелец на тој натпревар беше Оливие Жиру. Од тој момент па наваму, Милан не успева да ја затресе мрежата на Јувентус во првенството. Во последните пет меѓусебни дуели, дури три завршиле без голови, вклучително и првиот сезонски натпревар, додека Јувентус славеше двапати, со по 1-0 и 0-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×