Заврши сезоната за Арда Ѓулер и Милитао!

by riste
1 минути читање

Клупската сезона за Арда Ѓулер е завршена поради повреда, тој ќе се фокусира на опоравување навреме за настап на Светското првенство со Турција.

Ѓулер има повреда на бутниот мускул поради која се очекува да ги пропушти преостанатите натпревари за Реал Мадрид од сезоната.

Но, Турчинот треба да се врати навреме за да ги почне подготовките со својата репрезентација за настап на Светското првенство.

Останатиот дел од сезоната ќе го пропушти и Едер Милитао, кој исто така има повреда на задната ложа, но на левата нога.

Дефанзивецот се пожали на повреда на натпреварот против Алавес и веднаш побара да биде заменет, во прв момент Арбелоа изјави дека ситуацијата е позитивна, но деталните тестови донесоа лоши вести.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×