„Граѓаните“ вчера со 0-1 славеа на гостувањето кај Барнли, па се изедначија со Арсенал по бројот на освоени бодови, двата тима имаат 70 бода.
Арсенал до пред десетина дена ја имаше контролата врз трката за титулата во Премиерлигата, но прво загуби дома од Борнмут, а потоа и во директна пресметка против Манчестер Сити, па момците на Микел Артета повеќе не одлучуваат сами.
„Граѓаните“ вчера со 0-1 го совладаа Барнли и се изедначија по бројот на освоени бодови, двата тима имаат 70 бода.
На пет кола до крајот, големи се шансите Арсенал и Манчестер Сити да финишираат со ист број на бодови, па се поставува прашањето кој ќе биде шампион во едно вакво сценарио.
Првиот критериум е гол разликата, и во моментов, двата тима имаат иста гол разлика +27.
Доколку двата тима имаат иста гол разлика, следен критериум е бројот на постигнати погодоци, и веќе е видено едно вакво сценарио, кога Арсенал за зграпчи титулата пред Ливерпул во 1989 година.
Во моментов, Манчестер Сити има постигнато повеќе погодоци (66, Арсенал има 63) и затоа е на врвот на табелата.
Доколку на крајот од сезоната, и по оваа категорија двата тима бидат изедначени, следниот критериум е меѓусебниот дуел, и тука Манчестер Сити е во предност, со победа и реми против Арсенал, ќе бидат шампиони.