Челси не знае кај тера: Му даде договор на Росениор до 2032, го избрка за три месеци!

by bojan
1 минути читање

„Сините“ попладнево соопштија дека тренерот Лијам Росениор добил отказ, стратегот доби договор до 2032 година, но си заминува по само три месеци.

Клубот од Стемфорд Бриџ во 2022 ја промени сопственоста, Тод Боли и неговите партнери ја презедоа контролата од Роман Абрамович.

Се најавуваа огромни инвестиции, навивачите очекуваа трофеи и успеси, но добија само разочарување.

И покрај тоа што беа вложени преку 1 милијарда фунти на засилувања, резултатите изостанаа, а клубот се движи во погрешен правец.

Вчера беше допрено дното, поразот од 3-0 од Брајтон значеше пет порази во низа во Премиерлигата без даден гол, серија која Челси ја нема од далечната 1912 година, па попладнево тренерот Лијам Росениор доби отказ.

А како уште доказ дека „сините“ не знаат кај тераат, Лијам Росениор во јануари доби договор дури до 2032, за по само три месеци да се случи разделба.

Калум МекФарлејн на привремена основа ќе седне на клупата до крајот на сезоната, а за тоа кој ќе биде нов тренер ќе се дознае во следните месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×