Шкендија од Тетово со пресврт ја победи Шкендија од Арачиново (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Фудбалерите на Шкендија од Тетово на свој терен со пресврт се радуваа против Шкендија Арачиново со триумф од 3-2 во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Македонија.

Резултатот беше отворен по само четири минути игра кога од пенал стрелаше Трумчи. Гостите од Арачиново се вратија по половина час игра со автоголот на Фетаи. Пред крајот на првиот дел Ливарека постигна атрактивен гол за целосен пресврт.

Сепак, второлигашот не издржа во второто полувреме кога домашниот состав го сврте резултат.

По десетина минути игра во второто полувреме Крстевски израмни на 2-2, додека за целосен пресврт се погрижи Малиќи во 69-тата минута.

Реваншот во кој Шкендија Арачиново ќе биде домаќин се игра на 6 мај. Ќе потсетиме, денеска во претходното полуфинале Охрид и Силекс ремизираа 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×