Буфон за ситуацијата со Италија: Повеќе ќе поверував дека ќе видам 1000 вонземјани…

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон минатиот месец ја извршуваше функцијата шеф на делегацијата на италијанската репрезентација, која доживеа тежок пораз во баражот за Светското првенство од селекцијата на Босна и Херцеговина.

Овој неуспех дополнително ја продлабочи кризата во италијанскиот фудбал која трае веќе со години. Италија потсетуваме не успеа да се квалификува ниту на Светското првенство во 2018 година по поразот од Шведска, што воедно беше и крај на репрезентативната кариера на Буфон. Нов шок следуваше во 2022 година кога Италија беше елиминирана од Македонија и остана без пласман на Мундијалот во Катар.

Говорејќи за последното разочарување, Буфон не ја криеше фрустрацијата.

„Тоа беше болна страница за италијанскиот фудбал и за мене лично. Да ми кажеше некој пред 12 години дека ова ќе се случи, полесно ќе поверував дека ќе видам илјада вонземјани околу мене отколку Италија да не се пласира на три последователни големи турнири. Но, тоа е нашата реалност“, изјави Буфон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×