Челси игра во катастрофална форма, сините кои се актуелни светски шампиони, загубија петти натпревар по ред во Премиер лигата, овојпат беа поразени со 3-0 на гостувањето кај Брајтон.
Челси беше дотолку лош што немаше ниту шут во рамките од голот на Брајтон.
Домаќините со 1-0 поведоа уште во третата минута, Кадиоглу даде гол. Тоа беше резултатот од првиот дел.
По десет минути игра во второто полувреме Хиншелвуд реализираше за предност на Брајтон и од 2-0.
Конечните 3-0 ги постави Велбек во судиското продолжение.