Лудо: Знаете ли колку е најефтиниот билет за „Ел Класико“?

by 24 фудбал
1 минути читање

За три недели „Камп Ноу“ ќе биде центарот на фудбалска Европа, бидејќи Барселона ќе го пречека Реал Мадрид во новото „Ел Класико,“ дуел кој може директно да го одлучи шампионот во Ла Лига.

Каталонците веќе ги објавија цените на билетите, а тие предизвикаа бурни реакции кај навивачите. Најевтината влезница изнесува 499 евра, стандардните се движат околу 1.750, додека ВИП билетите достигнуваат и до 2.250 евра, што е рекордно високо ниво за ваков натпревар.

Иако станува збор за можеби клучен меч во сезоната, многумина не очекуваа толку високи цени, но ваквата политика не е изненадување ако се земе предвид ситуацијата со стадионот.

Барселона цела сезона држи високи цени на билетите поради реконструкцијата на Камп Ноу. Горните прстени сè уште се во изградба, а токму тие делови традиционално нудеа најдостапни места. Според најавите, оваа ситуација ќе продолжи и во значителен дел од следната сезона, сè додека стадионот не биде целосно завршен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×