Младинците на Реал Мадрид станаа шампиони на Европа!

by 24 фудбал
0 минути читање

Младинскиот тим на Реал Мадрид ја освои титулата во Младинска Лига на шампиони, откако во финалето во Лозана го совлада Клуб Бриж по пенали со 5-3, по ремито 1-1 во регуларниот дел.

„Кралевите“ поведоа во првото полувреме преку Хакобо Ортега, но белгискиот состав возврати во продолжението и го израмни резултатот.

Победникот беше решен по пенал серијата, каде што младите фудбалери на Реал Мадрид покажаа поголема сигурност и стигнаа до европската круна. Со ова младинците тргнаа по стапките на сениорскиот тим кој е најтрофеен во елитното европско натпреварување, откако трофејот го освоија и во 2020 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×