Страшна повреда: На синот на Клинсман му го скршија вратот (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Голманот на Чезена, Џонатан Клинсман, ја заврши сезоната по тешката повреда здобиена на натпреварот против Палермо во Серија Б.

Синот на легендарниот Јирген Клинсман се повреди по силен судир на теренот, по што веднаш беше изнесен и пренесен во болница. Првичните информации говорат за скршеница на вратен пршлен и повреда на тилот, поради што ќе следуваат дополнителни медицински испитувања.

Клинсман се огласи и јавно, потврдувајќи дека го очекува подолга пауза и дека нема да се врати до крајот на сезоната, притоа упатувајќи благодарност за поддршката од навивачите и блиските.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×