Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, повторно ја разбрануваше јавноста во Шпанија со изјави насочени кон челниците на фудбалскиот сојуз, сугерирајќи дека е за Реал полесно е да ја освои Лигата на шампиони отколку домашното првенство.
„Постои причина, и на многумина им е лесно да ја забележат“, изјави Арбелоа, откако беше запрашан зошто мадридскиот гигант во последните 20 години освои шест титули во Лигата на шампиони, а само седум шампионски трофеи во Шпанија.
„Секако дека имаме простор за напредок во првенството во последните години, но мислам дека во изминатите неколку месеци игравме подобро на големите и тешки натпревари отколку против послабите противници“, додаде тој.
Критиките на тренерот се само најново поглавје во долгогодишниот судир меѓу клубот и шпанските судиски органи, особено по истрагата во случајот Негреира, поврзан со Барселона.
Арбелоа и претходно не штедеше зборови, нарекувајќи го овој случај „најголемиот скандал во шпанскиот фудбал“.
„Имавме и ситуации како онаа со пеналот против Жирона, поради кои на Реал Мадрид му е полесно да ја освои Лигата на шампиони отколку Примера“, истакна предводникот на „кралевите“.