110
Голем инцидент се случи на натпреварот од Серија Ц меѓу Монополи и Фоџа кој го добија домаќините со 1-0, пред последниот судиски свиреж навивачи со фантомки на главите нападнаа фудбалери.
Инцидентот е во режија на гостинските навивачи кои се обиделе да се пресметаат со своите фудбалери.
Хулиганите незадоволни од резултатите на Фоџа која ќе игра во плеј-аутот за останување во Серија Ц, влегоа на теренот и почнаа да ги бркаат фудбалерите кои бегаа кон соблекувалната.
Полицијата и обезбедувањето успеале да се справат со навивачите, а дел од нив биле и приведени.