Чави Симонс постигна спектакуларен гол, но Тотнем и 15-ти натпревар во Премиер лигата не победи (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Тотнем беа на прагот да стават крај на црната серија од 14 натпревари без победа во Премиер лига, но на крајот мораа да се задоволат само со реми 2-2 против Брајтон.

За лондонскиот состав не помогна ниту Чави Симонс, кој беше клучен во двата погодоци, најпрво асистираше за водството кое во 39. минута го реализираше Педро Поро, а потоа и самиот се запиша во листата на стрелци со одличен погодок во 77. минута. Сепак, гостите не се предадоа, Каору Митома донесе израмнување пред паузата, додека длабоко во судиското продолжение Рутер ги постави конечните 2-2.

По ова реми, Тотнем останува во незавидна позиција – 18-то место со 31 бод, еден помалку од Вест Хем кој има и натпревар помалку.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×