Гол на Елези во гостинска победа на Сараево! (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Maкедонскиот дефанзивец, Агон Елези беше еден од најзаслужните за победата на Сараево на гости кај Радник Бјелина од 2-1 во рамките од 29-тото коло во првенство на БиХ.

Домашниот состав поведе со 1-0 во 38-та минута, меѓутоа во финишот од судиското продолжение на сцена стапи македонскиот фудбалер кој одлично се снајде по додавањето и го совлада противничкиот чувар на мрежата.

Во второто полувреме Иванишевиќ се погрижи за целосен пресврт на гостинскиот состав. Елези на теренот ги помина комплетните 90 минути, a на крајот беше прогласен и за играч на мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×