Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Тони Крос вели дека стилот на игра кој го негува Барселона со високо поставена одбрана е главниот проблем на „каталонците“ и смета дека тие нема да ја освојат Лигата на шампиони се додека не го променат стилот на игра.
Барселона и оваа сезона доживеа елиминација во Лигата на шампионите и покрај тоа што беше подобар противник на теренот.
Според Тони Крос, проблем е стилот на игра на „каталонците“ и високо поставената одбрана, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид смета дека без промена на пристапот, Барса нема да ја освои Лигата на шампиони.
„Барселона беше подобар противник од Атлетико, но кога толку долго ќе играте со играч помалку, навистина е тешко“ – вели Германецот.
„Атлетико е тим кој знае да го одбрани резултат, имаа предност од првиот натпревар, плус новото исклучување, имаа голема предност да се пласираат во полуфинале“.
Тој потоа додаде: „Кога се браните на таков начин и оставате голем простор, се случуваат вакви работи, односно црвените картони“.
„Одбраната на Барселона е премногу ранлива, истото им се случи и минатата сезона против Интер“.
„Па ако не го променат стилот на игра, нема да ја освојат Лигата на шампиони“.
ФОТО: X/FC Barcelona