Екс-младински репрезентативец на Македонија потпиша професионален договор со Јанг Бојс!

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот младински фудбалски репрезентативец на Македонија, Един Етоски направи голем чекор во кариерата.

19-годишникот стави потпис на прв професионален договор со Јанг Бојс кој ќе важи до 2030 година. Етоски е талентиран фудбалер кој настапува во швајцарскиот фудбал, а веќе неколку години е член на системот на Јанг Бојс.

Во минатото тој како младо момче почнал во Блау Вајс Обербург, а се развивал и во Тим Обераргау Ементал пред да прејде во Јанг Бојс во 2021 година.

Инаку, Етоски е поранешен младински репрезентативец на Македонија со настапи за селекциите до 15 и 17 години. Сепак, во изминатите две години настапуваше за У18 и У19 селекциите на Швајцарија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×