Баерн во финишот го елиминираше Реал, Арсенал ја сочува предноста од Лисабон (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастично полуфинале со шест погодоци кое беше решено во самиот финиш од натпреварот, Баварците победија со 4-3 и со вкупни 6-4 се пласираа меѓу четирите најдобри.

Реал Мадрид поведе уште во првата минута со гол на Ѓулер по голем кикс на Нојер, но веднаш се реваншираше Лунин кој подари гол на Павловиќ.

Ѓулер од слободен удар го врати водството на Реал, но брзо Кејн даде гол за 2-2.

На три минути пред истекот на првиот дел по асистенција од Винисиус, Мбапе постигна гол за предност на Реал од 3-2.

Следниот голем момент се случи во 86. минута кога Камавинга доби втор жолт картон, Реал Мадрид остана со фудбалер помалку.

Баерн брзо го искористи тоа и преку Луис Дијаз во 89. минута израмни на 3-3.

Во четвртата минута од судиското продолжение погоди и Мајкл Олисе за победа на Баварците од 4-3.

Баерн Минхен во полуфиналето ќе игра против ПСЖ кој го елиминираше Ливерпул.

Арсенал ја сочува предноста од Лисабон, денешниот меч против Спортинг во Лондон заврши нерешено 0-0.

Топчиите во полуфиналето ќе играат против Атлетико Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×