Еден фудбалер на Атлетико посебно го воодушевил Анри: Беше неверојатен!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Атлетико Мадрид обезбедија место во полуфиналето од Лигата на шампиони, и покрај поразот од Барселона со 1-2 на домашен терен во реваншот од четвртфиналето. Пресудна беше победата од 0-2 на првиот натпревар, која им донесе вкупен триумф.

Одличното издание на мадридскиот состав не помина незабележано кај легендарниот француски напаѓач Тиери Анри, кој денес работи како стручен аналитичар. Тој посебно го истакна настапот на Маркос Љоренте.

„Морам да издвојам еден играч, Љоренте. Делуваше како да игра во транс. Антоан Гризман исто така одигра одлично, но Љоренте беше извонреден. Секоја чест за Атлетико. Да ја елиминирате Барселона во две натпреварувања во една сезона заслужува голем аплауз“, изјави Анри.

Љоренте (31) е еден од клучните играчи во тимот предводен од Диего Симеоне. Во тековната сезона има 42 настапи, постигнато четири гола и шест асистенции. Кариерата ја започна во академијата на Реал Мадрид, каде за првиот тим одигра 39 натпревари и постигна два погодоци.

@cbssportsgolazo Thierry applauds Marcos Llorente for his standout performance vs. Barcelona ✨ #UCLToday #UCL #championsleague #atleticodemadrid #antoinegriezmann ♬ snowfall (Slowed + Reverb) – Øneheart & reidenshi

Можно е и ова да ти се допаѓа

×