Нејмар „пука“ и ги губи нервите во Бразил, влезе во расправија со навивачи по ремито на Сантос (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Шокантни сцени беа видени по ремито меѓу Сантос и Депортиво Реколета (1-1) во Копа Судамерикана, каде во центарот на вниманието се најде Нејмар.

Незадоволни од играта, навивачите го дочекаа тимот со навреди, а Бразилецот реагираше со гестикулации и расправија уште покрај теренот. По интервјуто, ситуацијата дополнително ескалираше кога повторно се врати кон трибините и влезе во нов конфликт со дел од навивачите, при што упати и навреда.

Инаку, токму тој беше стрелец за својот тим, но потоа промаши и празен гол при резултат 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×