Фудбалска репрезентација на Италија е во потрага по нов селектор по заминувањето на Џенаро Гатузо, откако „аѕурите“ не успеаја да обезбедат пласман на Светското првенство.
Како еден од кандидатите за клупата се споменуваше и Сеск Фабрегас, кој во моментов бележи одлични резултати со Комо. Сепак, Шпанецот јасно стави до знаење дека во оваа фаза од кариерата не е заинтересиран за репрезентативен ангажман.
„Да бидам селектор на Италија? Можеби еден ден, но засега не сум заинтересиран затоа што морам да бидам секој ден со фудбалерите на терен. Работата во репрезентацијата во моментов би ми била здодевна“, кажа Фабрегас.
Комо под негово водство игра одлична сезона и во моментов се наоѓа на петтата позиција во Серија А со 58 бодови, активно вклучен во борбата за пласман во Лигата на шампиони.