Дојде по барање на Конте, а сега Лукаку е исфрлен од тимот на Наполи

by 24 фудбал
1 минути читање

Скандал ја тресе атмосферата во Наполи, а во центарот на вниманието се најде Ромелу Лукаку кој со своето однесување за време на репрезентативната пауза сериозно ги налути челниците на клубот.

Белгискиот напаѓач заминал во татковината поради повреда, но наместо да се врати во договорениот рок, инсистирал рехабилитацијата да ја продолжи во Белгија. Овој потег предизвикал незадоволство кај медицинскиот тим на Наполи, кој тврдел дека Лукаку е целосно подготвен за настап и нема потреба од дополнително отсуство.

По притисок од клубот и закани со сериозни финансиски санкции, Лукаку сепак се врати во Неапол, но ситуацијата веќе беше сериозно нарушена. Раководството го казни поради прекршување на интерните правила, испраќајќи јасна порака дека ваквото однесување нема да биде толерирано.

Тренерот Антонио Конте е особено разочаран од развојот на настаните и веќе донесе радикална одлука. Лукаку е отстранет од првиот тим, ќе тренира изолирано и нема да биде во конкуренција до крајот на сезоната. Со тоа практично е ставена точка на неговата авантура во Наполи, а многу интересно е дека во клубот пристигна по инсистирање токму на Конте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×