Денеска два меча во Првата лига, две борби за опстанок!

by riste
1 минути читање

Со два дуели денеска се затвора 27. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Арсими го пречекува Пелистер, Брера е домаќин на Македонија Ѓорче Петров.

Сите четири екипи кои ќе играат денеска се борат за опстанување во Првата лига, бодовите им се важни на сите.

Натпреварот меѓу Арсими и Пелистер е прв на програмата, се игра од 13 часот. Битолчани ќе имаат тешка задача да ги освојат бодовите од ова гостување.

Арсими во минатото коло победи на гости кај Македонија Ѓорче Петров, па денеска сака бодови и против друг директен конкурент во трката за опстанок.

Македонија ЃП гостува кај Брера и доколку од Струмица не се врати со целиот плен значително ќе си ги намали шансите за останување во лигата.

Мечот меѓу Брера и Македонија ЃП почнува од 15:30 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×