Ако Атлетико ја мине Барса, Симеоне со втор тим ќе игра до крајот на сезоната во Ла Лига!?

by riste
1 минути читање

Информациите од Шпанија велат дека клубот ќе му дозволи на Диего Симеоне остатокот од сезоната во Ла Лига да го игра со втор тим доколку ја минат Барселона во Лигата на шампионите.

Во еден таков случај, планот е се да биде подредено на Лигата на шампионите бидејќи позицијата во Ла Лига им го дозволува тоа, четвртото место им е речиси загарантирано.

Атлетико верува дека ако ја минат Барса, во полуфиналето може да го поминат и било кој да е од Арсенал и Спортинг, па да играат во големото финале.

Во првиот четвртфинален натпревар Атлетико Мадрид ја победи Барселона со 2-0 на Камп Ноу, реваншот се игра утре.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×