31
Дрис Ел Џабли постигна спектакуларен гол кој брзо стана хит во фудбалскиот свет. Крилниот напаѓач на Магреб од Фес со мајсторија ја реши пресметката против Видад (1-0)
Течеше 80. минута кога Дрис Ел Џабли ја смири топката надвор од шеснаесетникот и со атрактивен „рабона“ удар испрати силен удар во спротивниот атол иго совлада противничкиот голман.
Покрај погодокот, внимание привлече и реакцијата на коментаторот, кој како и навивачите остана воодушевен од потегот.