Баерн „гази“, но ситуацијата во клубот не е сјајна!

by 24 фудбал
1 минути читање

Иако резултатите се на високо ниво, зад сцената во Баерн Минхен владее сериозна неизвесност околу раководството.

Спортскиот директор Макс Еберл е под притисок од надзорниот одбор предводен од Херберт Хајнер, Ули Хенес и Карл-Хајнц Румениге. Од 1 јули се очекуваат разговори за иднината на Еберл, Кристоф Фројнд и директорот Јан-Кристијан Дрезен. Според германските медиуми, Фројнд има поголема поддршка и се разгледува продолжување на неговиот договор, но односот меѓу него и Еберл е затегнат, па во клубот веќе се зборува за поделби.

Во меѓувреме, тимот е фокусиран на клучните натпревари против Реал Мадрид во Лигата на шампиони и Баер Леверкузен во Купот.

Финансиите се дополнителен проблем, бидејќи трошоците растат, а за тоа најмногу се посочува Еберл, иако добива пофалби за ангажманите како тренерот Винсент Компани. Неговата иднина во клубот засега останува неизвесна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×