Баерн го уништи Сент Паули и постави неверојатен рекорд!

by riste
1 минути читање

Баерн Минхен со 5-0 победи на гостувањето кај Сент Паули и постави рекорд за најмногу дадени голови во Бундеслигата во една сезона иако има уште пет кола до крајот.

На денешниот натпревар Баварците поведоа уште во деветата минута со гол на Мусиала, но на следен погодок се чекаше до второто полувреме.

Горецка погоди во 53. минута, а две минути подоцна Олисе зголеми на 3-0. До крајот голови дадоа и Џексон и Гереро за конечни 0-5.

Со овој меч Баерн испиша историја, постави рекорд по најмногу постигнати голови во една сезона, вкупно 105 даде досега, а има уште пет кола до крајот.

Претходниот рекорд беше 101, а тој беше поставен пред 53 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×