Стефан Ристовски откри како се случил неговиот трансфер во Динамо Загреб, тој има договорено позајмица во грчки АЕК, но потоа на сцена стапил легендарниот Здравко Мамиќ и за 24 часа го донел во Хрватска.
По четири години поминати во дресот на „модрите“, Стефан Ристовски минатото лето го напушти Загреб и се пресели во Сараево.
Во разговор со медиумите од Босна, десниот бек сега откри како завршил во дресот на Динамо.
„Бев во Спортинг, се искомплицираа работите и морав да одам, морав да најдам решение“ – вели поранешниот репрезентативец на Македонија“.
„Имав уште две ипол години од договорот, и со агентот се договориме дека бараме трансфер, а не позајмица, ама никој не сакаше да плати“.
„Останав во Спортинг уште шест месеци, но не сум во составот, само тренирам и играм за репрезентацијата“.
„Доаѓа зимскиот преоден рок, остануваат уште три дена и му дава збор на АЕК од Грција дека доаѓам на позајмица“.
„Искрено не знам како дознал, но ми се јави Здравко Мамиќ и ме праша дали сакам да им се придружам. И јас реков, секако. Тој вели, првиот авион и доаѓаш веднаш, а јас му велам, па шефе, веќе му дадов збор на АЕК“.
„Он продолжи, „ма каков АЕК, знаеш што сме ние за АЕК“… Човекот го реши трансферот за 24 часа!“